Бајден - Членот 5 на НАТО е „света обврска“
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека НАТО е „критично важен“ за американските интереси и дека клаузулата за меѓусебната одбрана на алијансата е „света обврска“. Говорејќи во Брисел по пристигнувањето на денешниот самит на лидерите на НАТО, Бајден исто така рече дека сака Европа да знае дека Соединетите држави се покрај нив. „Членот 5 е света обврска“, рече Бајден осврнувајќи се на доктрината за колективна одбрана во договорот за основањето на НАТО. „Сакам цела Европа да знае дека Соединетите држави се тука“, рече Бајден. Читать дальше...