ЗНМ и МВР потпишаа меморандум за соработка
„Во минатото бевме сведоци за напади врз новинари, нешто што не смее да се случува во една демократска земја. МВР ќе направи се медиумските работници да можат слободно и безбедно да си ја вршат својата работа. Медиумите се столбот на едно демократско општество, тие мораат да имаат услови за слободно и безбедно да ја извршуваат својата работа“, истакна изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изјви дека со денешното потпишување се демонстрира политичката волја на новиот министер дека ќе се решаваат проблемите кои ги тангираат новинарите.
„Изминатите пет години како ЗНМ регистриравме над 50 разни напади врз новинари, а институциите не успеаја да изведат пред суд ниту еден од нив, а меѓу нив за жал имаше и припадници на полицијата“, истакна Селмани.