Договор со Бугарија за отворање на европските порти
Со 61 глас „за“ и еден „воздржан“, Собранието го ратификува договорот за добрососедство со Бугарија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа седницата. Воздржано гласаше независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ кој рече дека договорот не е симетричен и дека Владата плаќа цена со него.