НАТО ги повика САД и Турција да почнат преговори за Сирија
НАТО ги повика САД и Турција да започнат директни преговори за решавање на проблемот со турската воена операција против курдските сили во Сирија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„ Во Мадрид, Столтенберг се сретна со шпанската министерка за одбрана Марија Долорес де Коспедал и ги поздрави плановите на земјата за значително зголемување на инвестициите во одбраната”, се наведува во соопштението на НАТО.
Столтенберг го пофали значајниот придонес на Шпанија во Алијансата - за мултинационалната воена група во Летонија, за поддршка на безбедноста во Авганистан, вклучувајќи дополнителни војници за мисијата „Решителна поддршка“ и за обуката за ирачката армија.
Претходно, генералниот секретар го посети Центарот на НАТО за воздушни операции во Торехон и се сретна со премиерот Мариано Рахој и со министерот за надворешни работи Алфонсо Дастис Кеседо. Столтенберг изјави дека на средбите разговарале за надворешното мешање во референдумот во Каталонија и за други состојби во светот.