Дамјановски со „Тоалет за дами“ премиерно во Велешки театар
Работена по текст на современиот венецуелски драмски писател Родолфо Сантана, овој петок, на 26 јануари во 20 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, ќе се случи премиерата на претставата „Тоалет за дами“, за која режисерот Деан Дамјановски во своето обраќање до публиката ќе напише: „Кога некој маж оди во тоалет, обично го прави тоа од една единствена причина. Жените го користат тоалетот како дневна соба или соба за психотерапија“.