„Тоалет за дами“ или соба за психотерапија
Работена по текст на современиот венецуелски драмски писател Родолфо Сантана, овој петок, на 26 јануари во 20 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, ќе се случи премиерата на претставата „Тоалет за дами“, за која режисерот Деан Дамјановски во своето обраќање до публиката ќе напише: „Кога некој маж оди во тоалет, обично го прави тоа од една единствена причина. Жените го користат тоалетот како дневна соба или соба за психотерапија“.