ЕУ: Една милијарда евра за Западен Балкан во 2018 година
Државите од Западен Балкан во 2018 година ќе добијат над една милијарда евра од Европската унија за подготовки за членство, се наведува во Декларација на Европската комисија по повод прифаќањето на Стратегијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.
Во документот се вели дека од 2007 до 2017 година ЕУ вложиле над 8,9 милијарди евра во држави од тој регион преку претпристапната помош, а во 2018 година се очекуваат уште 1,08 милијарди евра. Новата стратегија на ЕУ во однос на балканските држави беше претавена вчера во Стразбур.