Заев - Ердоган: Поддршка за решавање на спорот со Грција и за засилена економска соработка
Поддршка во процесот за решавање на спорот со Грција попладнево даде и претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев, кој со владина и парламентарна делегација е во официјална посета на Турција. Претседателот на Турција оценил дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Република Македонија.
Владината прес-служба соопшти дека на средбата со Ердоган, на која премиерот Заев бил придружуван од министерот без ресор Аднан Ќахил, било констатирано дека двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции, како и преку нови иницијативи од страна на Македонија.