Турција ја преименува улицата пред амбасадата на САД во Анкара
Градоначалникот на главниот град на Турција, Анкара, денеска соопшти дека одобрил улицата пред американската амбасада да се преименува во „Маслиново гранче“, како што е наречена операцијата на турската армија против курдските борци во северна Сирија. Улицата сега се вика Авенија Невзат Тендоган. Анкара е незадоволна од сојузот меѓу САД и сириските Курди против кои е насочена турската офанзива. Турскиот претседател Реџеп Траип Ердоган вети дека ќе ги збрише курдските милитанти од границата со Турција... Читать дальше...