Димитров и Коѕиас вечерва се среќаваат во Виена
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вечерва во Виена се среќава со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Утре двајцата министри ќе имаат заедничка средба со посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, информира МНР.
Двајцата шефови на дипломатиите ќе имаат можност да разговараат оваа недела и во Софија.