Бошњаковски: Владата нема поврзаност со изборот на директорот на МРТ
Владата нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија, изборот е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешна прес-конференција.
„Граѓаните на Република Македонија добро знаат кој членува во тој состав, на кој начин работеше и под чии влијанија, рече Бошњаковски.
Тој истакна дека веднаш по усвојување на новиот закон за аудио аудиовизуелни услуги ќе се овозможи професионално непартиски нови раководни позиции и во МРТ и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ).
Бошњаковски рече дека со тоа ќе се прекине нетранспарентноста и партизацијата на МРТ и на Агенцијата, дека новиот закон се очекува да помине на владина седница до крајот на неделава.