Берлинските колажи на Балов во Отворено графичко студио
„Невидени“ е насловена изложбата на колажи на македонскиот уметник Јован Балов, што од 16 февруари до 10 март, ќе се одржи во Отвореното графичко студио во Скопје. Станува збор за „своевиден дневник, интимен запис за едно време во кое страсно ги впивал импресиите од актуелната берлинска уметничка и културна сцена“.