86 милиони евра за реконструкција на 400 километри патишта
![86 милиони евра за реконструкција на 400 километри патишта](https://gdb.rferl.org/3E095CD7-FCB2-4FB2-90C2-1E18BD1221B0_w800_h450.jpg)
Преку 400 километри регионални и локални патишта ќе бидат реконструирани со средства во износ од 86 милиони евра кои Европската банка за обнова и развој и ги додели на Македонија. Делегација предводена од претседателот на Владата на РМ Зоран Заев на средбата во Лондон со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти. потпиша договор за користење на 86 милиони евра - втора транша од заем од вкупно 181 милиони евра од ЕБОР за подобрување на македонската инфраструктура. Со втората транша е предвидено да се реконструираат 26 делници од регионални и локални патишта.