СДСМ - Во Собранието се покажа дека Груевски стои зад обидите за блокада
По донесувањето на Законот за јазиците, од СДСМ преку соопштение реагираа дека случувањата во Собранието потврдиле, како што велат, дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија. А како што се наведува во соопштението, Христијан Мицкоски бил само марионета на Груевски.
„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот, туку служат само за блокада на Собранието“, стои во соопштението на СДСМ.