ОБСЕ посочува на сериозни нерегуларности на изборите во Азербејџан
ОБСЕ соопшти дека на гласањето на претседателските избори во Азербејџан на кои нов мандат освои актуелниот шеф на државата Илхам Алиев имало сериозни нерегуларности и недостигала вистинска конкуренција.
Во извештајот на ОБСЕ се наведува дека на изборите имало широко распространето непочитување на задолжителните процедури, недостаток на транспарентност и бројни сериозни неправилности, како што се полнење на гласачки кутии.
Алиев доби повеќе од 86 проценти од гласовите, а неговиот најблизок противник само 3 отсто. Излезноста на гласањето беше 73 отсто.