Заев се надева на решение за името пред 28 јуни
Премиерот Зоран Заев денеска од Арачиново кажа дека се надева на многу брзо решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.
Заев денеска во Арачиново, каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, рече дека деновите се броени.
„Битно е да се постигне квалитетно решение кое што ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава кои за него треба да на крај да се изјаснат на референдум“, рече Заев.