„Либертанго“ или сторијата за тангото и Пјацола премиерно во МОБ
Работена како последна премиера за сезоната 2017/2018, в четврток, на 14 јуни, во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена претставата „Либертанго“. Кореографијата е на Сабрина Боско од Италија, режијата и либретото се на Наташа Поплавска, сценограф и костимограф е Александар Ношпал, а во приказната за создавањето и патот на тангото користена е оригиналната музика на легендарниот аргентински композитор Астор Пјацола.