Во Србија протести поради високите акцизи, за власта тоа е терор над мнозинството
Во Србија и денеска возачите протестираа против високите акцизи и цените на горивата со блокада на сообраќајниците и патиштата.
Блокади имаше во Белград, Нови Сад, на Ибарска магистрала, на патот за Зрењанин, кај Лазаревац, потоа во Крагуевац, Чачак, Краљево, Мали Зворник....
По повод протестите и блокадите реагираа министерката за градежништво и сообраќај Зорана Михајловиќ, минстерот за одбрана Александар Вулин и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тие ги осудија протестите, оценувајќи ги како „неприфатливи и како терор на малцинството над мнозинството“, а Вулин направи паралела со протестите во Украина во 2013 година.