Царовска не успеа да ги убеди жителите на Тимјаник да дозволат Дом за деца со попреченост
Министерката за труд и социјата Мила царовска, попладнево се сретнала со жителите на селото Тимјаник, но не успеала да ги убеди старата селска амбуланта да се обнови и пренамени во дом за неколку деца со пречки во развојот, кои требаше таму да бидат таму преместени од Заводот во Демир капија, за да имаат нормални услови за живот.
„Не сме против мал групен дом, но местото е несоодветно. Не е вистина дека не ги сакаме лицата со попреченост. Но, на ова место според нашите сознанијатребаше да има градинка. Во близина има откупен центар и училиште, нема двор, регионален пат е, не одговара за мал групен дом“, ѝ рекоа денеска жителите на селото Тимјаник на министерката Царовска.
„Вашите деца имаат дом, семејство, љубов. За разлика од нив, децата како тие во Заводот живеат во големи институции и потребно им е поголемо внимание, нега, љубов“, им рече министерката.
Закажана е и нова средба за решавање на ова прашање.