Потпишан договорот за името
Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот за името во селото Псерадес во Грција на брегот на Преспанското Езеро. Договорот предвидува ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија со македонски јазик и националност. Договорот го потпиша и посредникот на ОН, Метју Нимиц на денот на својот роденден.
На церемонијата присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Присутни се и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло.
Потпишувањето се одвива под зајакнати безбедни.
Премиерот Заев, во говорот пред потпишувањето рече дека со договорот „поместивме планини“.
Нимиц рече дека спогодбата е „правична, чесна и спроведлива“.
Договорот со Грција е насловен „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“.