Во тек потпишување на договорот за името
Во тек е церемонијата за потпишувањето на договорот за името во грчкото село Псерадес на брегот на Преспанското Езеро. Договорот треба да го потпишат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Договорот предвидува ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија со македонски јазик и националност.
На церемонијата присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот на ОН, Метју Нимиц. Присутни се и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло.
Потпишувањето се одвива под зајакнати безбедни.
Премиерот Заев, во говорот пред потпишувањето рече дека со договорот „поместивме планини“
Договорот со Грција е насловен „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“.