Вучиќ: Посетата на Путин е голема чест за Србија
Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија е голема чест за нашата земја и потврда за традиционалните пријателски руско-српски односи, изјавил српскиот претседател Александар Вучиќ, јави агенцијата Бета.
Од кабинетот на Вучиќ информираа дека српскиот претседател се сретнал со рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, кој му потврдил дека Путин ја прифатил поканата да ја посети Србија.
Посетата на Србија на есен ја потврдил и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ, јави Бета.