ВМРО-ДПМНЕ се пазари за амнестијата во замена за формирање на ДИК?
ВМРО-ДПМНЕ повторно бара амнестија за инволвираните во насилството во Собранието на 27 април во исто време кога треба да се избираат членовите на ДИК со цел спроведување на референдумот за името. Тоа за упатените, е обид на опозицијата да ја протурка аменстијата во замена за откочување на процесите во Собранието.