МНР испратило барање до Авганистан за убиството на македонски државјанин
Од МНР денеска соопштија дека испратиле барање за официјална информација до авганистанските институции околу киднапирањето и убиството на македонски државјанин на територијата на Авганистан.
Ројтерс јави дека непознати напаѓачи утрово во Кабул киднапирале, а потоа и убиле три лица кои работеле за француската компанија за храна и менаџмент „Содексо“. Меѓу жртвите е македонски државјанин, а останатите двајца се од Индија и Малезија. Локалната полиција соопшти дека покрај телата на жртвите биле пронајдени нивните лични документи.