Болтон во Москва на средба со Путин
![Болтон во Москва на средба со Путин](https://gdb.rferl.org/F31C05A0-B917-4DEE-9574-7A039C8F7F40_w800_h450.jpg)
Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, како што соопшти Кремљ, денеска во Москва треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Болтон синоќа се состана со руски официјални претставници, меѓу кои и со претседателот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев. До оваа посета на Болтон на Москва доаѓа на неколку часа откако претседателот Доналд Трамп објави дека Соединетите држави имаат намера да ја напуштат Спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел, потпишана со Русија пред крајот на Студената војна.