Убиен војник на НАТО во Авганистан
Војник во мисијата на НАТО бил убиен, а двајца други ранети во вчерашниот напад во западната провинција Херат. Во соопштението на командата на НАТО се наведува дека нападот го извел член на авганистанските безбедносни сили. Убиениот војник бил од Чешката Република. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Ова е најнов во серијата напади во кои припадници на авганистанските безбедносни сили го вратат нивното оружје против меѓународните сили за кои работат.