Времето денеска: променливо облачно
![Времето денеска: променливо облачно](https://gdb.rferl.org/0188E488-4926-4ACB-AC13-747B292906BC_cx53_cy6_cw35_w800_h450.jpg)
Во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд претпладне, како и во вечерните часови. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и југозападните делови, а ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Дневната температура ќе сс движи од 8 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.