Трамп: Кина треба да биде дел од договор за нуклеарно вооружување
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговата одлука да се повлече од нуклеарниот договор со Русија, не била предизвикана само од наводните прекршувања на Москва, туку и од потребата да се одговори на кинескиот нуклеарен напор.
Трамп доцна синоќа рече дека тоа е „закана за кого саката, вклучително Кина, Русија, и вклучително секој кој сака да ја игра оваа игра.“
Додека Кина никогаш не беше дел од договорот од 1987 година за нуклеарните сили со среден дострел, Трамп додава дека Кина треба да биде вклучена во договорот.
Забелешките на Трамп доаѓаат откако неговиот советник за безбедност Џон Болтон во Москва се сретна со високи руски претставници, кои предупредија дека било кој чекор на Вашингтон за повлекување од договорот ќе биде „опасен“ и ќе принуди Москва да преземе чекори за враќање на рамнотежата на моќта.
Болтон за оваа тема денеска треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Кинеското министерство за надворешни работи го осуди „очигледниот“ обид на САД да го принуди Пекинг да преговара за вооружување и го предупреди Вашингтон „да размисли два пати“ пред да ја донесе одлуката.