Робертсон: Мицкоски, дали сакате вашата земја засекогаш да биде ФИРОМ?
Се сретнав со господинот Мицкоски, лидерот на опозицијата, и му реков: Јас сум експерт за опозиција, јас бев 18 години во опозиција како политичар, пред да се вратиме на власт, и знам зошто сме биле во опозиција. Затоа што не го ставивме државниот интерес пред партискиот. И му реков, обрнете внимание на иднината на вашата земја. Дали сакате таа да биде нарекувана ФИРОМ засекогаш?, му рекол поранешниот Генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави МИА.
Ова Робертсон го кажал во своето обраќање пред Атлантскиот совет со порака дека е дојде мигот сите во Македонија да гледаат кон иднината и да го одбранат националниот интерес на земјата.