Донирал улични сијалици во Росоман, сега бара да му ги платат
Фирма донирала улични сијалици во Росоман за време на претходната локална самоуправа, а сега од новата бара се платат. Во спротивно, ќе ги демонтира сијалиците. Во изјава за МИА, градоначалникот Бранко Јанев појаснува дека се работи за фирма која донирала сијалици, а општината поседувала и документ испратница, во кој стоело дека локалната самоуправа немала обврска кон донаторот.
„Се работи за околу пет илјади евра. Нема никаков договор за купопродажба на сијалици“, дециден е градоначалникот.