Препораки против загадениот воздух – Седете дома или користете јавен превоз
Поради големата загаденост на воздухот, Министерството за животна средина и просторно планирање препорачува да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за загревање да не се користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал, како и правилно да се користат печките за дрва.
Воедно Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат тие што немаат потреба да го ограничат движењето на отворен простор, а особено децата, старите лица и хронично болните.