Времето денеска: сончево со мала облачност
Во Македонија ќе биде сончево со мала облачност која ќе биде поголема во западните делови. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Дневната температура ќе се движи од минус три до 11 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 7 степени.