Во Истанбул конференција против тероризмот во југоисточна Европа
Претставници на влади, на меѓународни и регионални организации и иницијативи учествуваат денеска во Истанбул на конференцијата за регионалната соработка во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам во југоисточна Европа. Учесниците дискутираат за сајбер безбедноста и радикализацијата на интернет, како и за одржливо решение за спречување на илегално поседување оружје.