Мадуро: Русите ќе инвестираат 6 милијарди долари во Венецуела
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро најави во Москва дека Русија ќе инвестира 6 милијарди долари во нафтената и рударската индустрија во неговата земја која е погодена со длабока економска криза. Мадуро отпатува за Москва во понеделникот веднаш откако во Каракас го прими турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Производството на нафта во Венецуела падна во последниве години од 3 милиони барели дневно на околу милион барели. ММФ предвидува инфлацијата која сега изнесува 1.300.000 насто, во идната година да достигне 10.000.000 проценти.