Догодина може да се вратат дома околу 250 илјади Сиријци
До 250 илјади сириски бегалци догодина може да се вратат во нивната разурната татковина, додека многумина од нив се соочуваат со проблеми со документацијата и имотот, што владата во Дамаск мора да помогне да се реши, соопшти денеска агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР.
Околу 5,6 милиони сириски бегалци се во соседните држави – Турција, Либан, Јордан, Египет и Ирак, информира директорот на УНХЦР за Блискиот Исток и Северна Африка, Амин Авад. Околу 37 илјади луѓе годинава се вратиле во земјата.
„Во оваа фаза проценуваме дека до 250 илјади Сиријци ќе се вратат во 2019 година. Таа бројка може да биде и поголема и помала, во зависност од темпото со кое работиме и ги отстрануваме пречките за враќање“, рече тој.