Најавено продолжување на протестите во Бања Лука
Неколку илјади граѓани на Бања Лука на чело со Давор Драгичевиќ и Сузана Радановиќ, родителите на убиеното момче Давид Драгичевиќ синоќа прошетаа по улиците на градот барајќи правда за нивниот син. Тие го посетија и Металското училиште каде што ноќта пред исчезнувањето 21 годишниот Давид бил претепан, а потоа неговото тело најдено во устието на реката Врбас. Давор Драгичевиќ вчера беше пуштен од притвор во кој беше спроведен претходниот ден поради тоа што не дошол на сослушување. Тоа предизвика протести и блиски средби меѓу полицијата и демонстрантите. За вечер се закажани нови протести.