Tрамп го одложи патот на Пелоси во Авганистан
Претседателот на САД Доналд Трамп го откажува патувањето на претседателот на Демократската партија и претседавач на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, во Авганистан. Трамп во писмото до Пелоси објави дека патувањето на конгресната делегација, која требаше да ги посети американските трупи во Авганистан, како и да застане во Брисел, е одложено поради блокадата на администарцијата која влегува во 27 от ден. "Во светлината на 800.000 американски работници кои не добиваат плата, сигурен сум дека ќе се согласите дека одложувањето на овој настан е сосема соодветно", рече Трамп во писмото.
Пелоси главно користи воени авиони за патувањата во странство и на таа основа Трамп како врховен командант на војската го одложи патувањето.
"Ќе ја презакажеме седумдневната екскурзија кога ќе заврши прекинот", додаде тој, истакнувајќи дека Пелоси и другите пратеници се слободни да ги остварат нивните патни аранжмани "преку комерцијални летови". Пелоси не го коментираше потег на Трамп.