Европските социјалисти ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор
Партијата на европските социјалисти срдечно ја поздрави денешната ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент за да му се стави крај на долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија.
ПЕС ги пофали обете влади и парламенти за нивните напори за надминување на деценискиот историски спор меѓу двете земји.
„Горди сме што овој историски договор, постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, конечно е ратификуван од сите страни. Ова е јасен доказ за тоа како земјите можат да ги надминат децениските спорови“, рече претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев.
Тој вели дека иднината на европскиот проект е посилна поради денешното гласање.