Албанската опозиција најави масовен антивладин протест на 16 февруари
По одлуката на здружената опозиција за масовен антивладин протест на 16 февруари, лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, ги повика албанските граѓани да се придружат на протестите, зашто, како што рече, „национална мисија е заминувањето на премиерот Еди Рама“. „Заминувањето на овој човек е национална мисија, бидејќи секој ден сè повеќе и повеќе овој човек не само што ја ограбува Албанија, не само што ги ограбува сиромашните, не само што ја уништува Албанија, туку овој човек сè повеќе го уништува своето семејство, своите луѓе, бидејќи тој не сфаќа дека влегол на патот од каде нема враќање. Кога криминалот ќе те фати од глава, повеќе нема да те пушти. Затоа, Еди Рама треба да замине за да ја спаси Албанија и Албанците час порано“, изјави Круемади. Правејќи споредба со масовните протести во 90-те годни од минатиот век таа рече дека има мала разлика. Тогаш, рече, урнавме една биста(на Енвер Хоџа во Тирана) и еден систем, а сега во 2019 година „ќе урнеме една клика, многу повеќе инкриминирана и далеку полош систем од оној што го поминавме“.