Во Словачка Помпео вети поддршка од САД за намалување на руското влијание
Американскиот државен секретар Мајк Помпе изјави дека САД ќе ја поддржат безбедноста и економијата на Словачка на новата станица од неговата централно-европска турнеја во обид да се спречи руското и кинеското влијание во регионот.
"Сакам да се осигурам дека словачкиот народ сфаќа дека Америка е ангажирана, повторно се вративме", изјави Помпео за време на церемонијата пред споменикот на портата на слободата на границата со Австрија. Споменикот е подигнат во чест на 400 лица кои загинати помеѓу 1945 и 1989 година на границите на тогашна Чехословачка при обид да избегаат од Железната завеса.
"Во име на Соединетите Американски Држави горд сум што сум во единство со народот на Словачка и Европа во повторното преиспитување на иднината што е попросперитетна, посигурна и, пред сè, одлична", рече Помпео. Тој, исто така, рече дека САД и Европа "мора да ги преиспитаат" своите вредности бидејќи "руската агресија ја поткопува слободата на овој континент", а Кина "ги потиснува луѓето додека го проширува своето влијание во странство".
Помпео е во Словачка на вториот ден од неговата европска турнеја, која започна во Унгарија, а за време на која ќе ги посети Полска, Белгија и Исланд.