Во Варшава конференција за Блискиот исток
Соединетите држави се организатори на голема конференција за Блискиот исток, на која фокусот ќе биде ставен врз Иран. Официјален Техеран оцени дека состанокот на кој ќе учествуваат претставници од 60 земји претставува непријателски чин и ја предупреди Варшава на соодветни последици. Домаќини на дводневната конференција се американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на полската дипломатија Јацек Чапутович. Меѓу учесниците ќе бидат и американскиот потпретседател Мајк Пенс и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.