Рекорден долг на САД, над 22 трилиона долари
Националниот долг на Соединетите држави достигна ново рекордно ниво, над 22 трилиона долари. Американскиот долг порасна откако Конгресот во минатата година изгласа намалување на даноците од над 1,5 трилиони долари. Тоа беше проследено со зголемени трошоци за домашните и воените програми.