Пендаровски: Договорот од Преспа добива се повеќе поддржувачи
Како поминува времето сите луѓе ќе видат дека нема од што да се плашат и ќе се зголемува бројот на оние кои се за Договорот од Преспа, вели националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА во однос на реакциите за промената на името во Република Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој вели дека се уште се наоѓаме на почетокот на целиот процес на промена на името на објекти и табли и објаснува дека ПЈРМ беше само за меѓународна употреба, а не и за внатрешна и сето ова е ново за нас.
„Оние кои полесно ќе се навикнат се младите во споредба со постарите луѓе. Во секој случај сме должни да го имплементираме она што го потпишавме и сигурен сум дека ќе го сториме тоа“, вели Пендаровски и објаснува дека според последните анкети, прифаќањето
на Договорот од Преспа поврзан со потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО е во пораст, „речиси 70 отсто што е многу повисоко од моментот кога се потпиша договорот“.