Женски марш на СДСМ под слоганот „Еднакви! Можеме!“
Координаторката на Форумот на жени на СДСМ Цветанка Ласкова на денешниот марш најавизаложби бројот на жени во политиката до 2020 година да се зголеми на 50 проценти. Форумот беше организатор на денешниот марш по повод меѓународниот ден на жената 8 Март. Маршот се одржа под слоганот „Еднакви! Можеме!“ .
„Испраќаме силна порака, еднакви сме. Борбата за еднаквост продолжува. СДСМ немаше да бидат борци за демократија без жените“, рече Ласкова.
За тоа зошто маршот се одржува еден ден по интернационалниотДен на жената, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека жената го заслужува секој ден од годината.
„Нашите маршеви не се за славење, туку за борба, борба за жените и девојките кои го заслужуваат пиедесталот во општеството“, рече во обраќањето Заев.
Мија Јаворник од Партијата на европски социјалисти (ПЕС жени) на учесничките на маршот им порача
дека се потребни жени кои инспирираат и кои ќе го трасираат патот на Севрерна Макеоднија во ЕУ и НАТО.
Пред учесничките на собирот се обрати и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.