Канадскиот премиер предупредува за можно мешање на Русија во изборите
Канадскиот премиер Џастин Трудо предупредува за ризикот од мешање на Русија и други странски играчи во престојните парламентарни избори во неговата земја. Тој рече дека во текот на минатите години имало зголемување на влијанието на странски фактори во демократските процеси, додавајќи дека земји како Русија стоеле зад различни кампањи претежно преку социјалните мрежи. Трудо додаде дека владините институции прават се за да ги заштитат изборите и да осигураат дека гласањето ќе биде чиста одлука на Канаѓаните. Парламентарните избори во Канада се закажани за 21 октомври.