Белград- опозицијата вечерва со протестно шетање до ТВ Пинк
Во Белград вечерва, како што е најавено, ќе се одржи 18-иот граѓански протест на опозицијата и граѓаните од „Еден од пет милиони“, со протестно шетање од Владата на Србија до ТВ Пинк, која од страна на демонстрантите е означена како „пропагандна машина на власта“. Од страна на организаторите, најавено е дека протестите кои ќе започнат во 18 часот ќе бидат мирни. Но, сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ најави дека „граѓаните ќе ги залие со фекалии и подготвува дочек со големи звучници пред зградата на ТВ Пинк“, пренесува ТВ Н1. Читать дальше...