Времето денеска облачно и ветровито
Времето денеска ќе биде претежно облачно, во јужните делови со локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. Од најавува и дека ќе дува умерен, во горниот тек на Повардарието и во крајните западни делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 10 до 17 степени.