Советот за безбедност на ОН бара запирање на офанзивата во Либија
Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа ги повика силите на либиската армија на либискиот воен командант Калифа Хифтер да се откажат од офанзивата на Триполи, град кој е под контрола на владата поддржана од ОН. По итниот состанок одржан вчера советот предупреди дека воените активности на либиската национална војска на Хифтар ја доведува стабилноста на земјата во ризик. По состанокот кој беше затворен за јавноста, германскиот амбасадор Кристоф Хојсегн во својство на моментен претседавач со Советот за безбедност, рече дека тие ги повикуваат силите на Хифтар да се откажат од сите воени активности.Либија се наоѓа во хаос по бунтот со кој беше соборен и убиен поранешниот лидер Муамер Гадафи во 2011 година.