Меј и Меркел без коментари по средбата
Британската премиерка, Тереза Меј и германската канцеларка, Ангела Меркел го завршија денешниот состанок, не обелоденувајќи пред новинарите детали од разговорот. Средбата траела околу еден час и половина, а се случува во рамки на напорите на Тереза Меј со партнерите од ЕУ да постигнат договор за понатамошно одложување на брегзитот.