Девојка со морбили е во критична состојба
Една 16-годишна девојка која има морбили и бронхопневмонија е во живото загрозувачка состојба и е на механичка вентилација, информираа од клиниката за инфективни болести. Од таму дополнуваат дека две деца и двајца возрасни се во потешка здравствена состојба како последица на заболувањето.
На Клиниката се хоспитализирани 35 пациенти од кои 14 возрасни и 21 дете.
Во изминатите 24 часа амбулатски биле прегледани четворица пациенти меѓу кои едно невакцинирано осуммесечно бебе од скопското село Шишево, четиримесечно бебе од Сарај и двајца возрасни од Чаир.